Денеска на фудбалски натпревар можеше да се види транспарент кој е посветен на несреќата во дискотеката Пулс во која загинаа 59 лица и над 150 беа повредени. Навивачите извадија голем транспарент на кој на бугарски е напишано: „Кочани тагувае со вас“ Инаку, соседна Бугарија беше меѓу првите земји кои застанаа до Македонија и понуди помош. Моментално таму се лекуваат 15 пациенти од кои што тројца веќе се екстубирани, сите се во стабилна состојба. ...

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, е стабилна, изјави синоќа бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот. - Имаме двајца екстубирани пациенти, можеме да кажеме дека се во добра општа состојба, а оние кои се на механичка вентилација се во тешка, но стабилна ...