Екипата на ГРК Охрид одигра ефикасен меч и славеше убедливо над МРК Слога Добој (37-19) во рамки на 1/16-финалето во Европскиот Куп на ЕХФ, натпреварување во кое лани Алкалоид беше освојувач. Во СРЦ „Билјанини Извори“ се беше во знакот на еден тим, тоа беше македонскиот, во сина опрема. Избраниците на Борис Ројевиќ максимално сериозно си ја завршија задачата и обезбедија огромна залиха пред реваншот кој се игра следната седмица. Разликата меѓу ...

По поразот од Еурофарм Пелистер во домашното првенство, Охрид влезе во импресивна победничка серија во изминатите два месеци, а истата сега стигна до бројката од девет последователни триумфи. Амбициозниот суперлигаш доби ривал по мерка во новата нокаут рунда во Европскиот Куп на ЕХФ, а како што се очекуваше, Охрид цврсто чекори кон осминафинале во натпреварувањето кое минатата сезона го освои Алкалоид. Двата триумфи над Баки му донесоа уште два ...