Мохамед Салах продолжува да импресионира во дресот на Ливерпул, откако со два гола беше најзаслужен за вчерашната победа против Саутемптон (3-2), со која овој тим ја зацврсти предноста на врвот од табелата со осум бодови разлика. Сепак, зад блескавите настапи се крие незадоволство. Репрезентативецот на Египет изрази разочарување од состојбата во клубот, посочувајќи дека се уште нема понуда за продолжување на соработката, иако договорот му ...
Декември е на прагот, а јас сѐ уште не сум добил понуда да останам во Ливерпул, разочарано изјави 32-годишниот египетски фудбалер Мохамед Салах, кој е и најдобар играч на тимот. Во тековната сезона Салах одигра 18 натпревари за Ливерпул, постигна 12 гола и десет пати асистираше. Најмногу благодарение на него, Ливерпул во моментов е убедливо прв во англиската Премиер лига и има осум бода повеќе од вториот Манчестер Сити, актуелниот англиски ...