Денеска со мечевите од 1.коло (17 часот), стартува и новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Сезона која по многу работи ќе биде специфична. Како прво само шампионот директно ќе се пласира во елитата, додека вториот и третиот тим ќе играат баражи со осмиот и деветтиот од ПМФЛ за пласман во првата лига. Директно испаѓаат четирите последно пласирани екипи, додека оние од 9 до 11 место ќе играат баражи со третолигашите за опстанок. ...
Еден од првите фаворити за освојување на првото место во ВМФЛ, Брегалница одигра само реми 1-1 на домашен терен против Кожуф во премиерниот натпревар од новата сезона во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија. Во дербито на воведната рунда во ВМФЛ на „Билјанини извори“ Охрид и Беласица одиграа без победник 1-1. Детонит Плачковица тргна моќно откако славеше на гостувањето кај Големо Коњаре со 0-4, а до убедлив гостински триумф ...
Попладнево се одиграа сите осум средби од 1.коло во новата сезона во ВМФЛ. На „Автокоманда“ голема борба се водеше меѓу Скопје и Слога Виница, но сепак трите бода ги освоија избраниците на Александар Таневски, откако во 77.минута го постигнаа единствениот гол на овој меч. Значи Скопје тргна во новата сезона со триумф. На дербито во Штип, каде силите ги одмерија Брегалница и Кожуф, резултатот на крајот беше 0:0. Детонит и Шкендија (А) како гости ...