Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим, откако го доби мечот со Џек Дрејпер со 2-0 (6-4, 6-4). Со оваа победа шпанскиот ас ќе стекне доволно поени и следниот понеделник, а и за стартот на Ролан Гарос ќе биде второпласиран на АТП рангирањето. Четвртфиналната пресметка за крај на дневната сесија во Рим понуди борба, Дрејпер се спротивстави и одигра солиден тенис, ама искуството и квалитетот беа на страната на ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стана прв финалист на Мастерсот во Рим. Тој во денешното полуфинале го победи Лоренцо Мусети со 6:3, 7:6(4) и успеа да стане првиот кој оваа година што стигнал до четири финалиња (претходно во Ротердам, Барселона и Монте Карло). Севкупно, ова ќе биде негово 25-то финале на АТП турнејата. Шпанецот сега има финалиња на шест различни Мастерс турнири, вклучувајќи ги сите на земјени терени: Индијан Велс (титули во ...