Витаминот Д е многу важен, но го има во многу малку намирници, што значи дека е отежнато обезбедувањето на доволни количини само преку исхраната. Бидејќи голем дел од светската популација има недостаток од овој витамин, тој е еден од најчесто користените додатоци во исхраната. Меѓутоа, кога и како ќе го земете може значително да влијае на неговата ефикасност. Зошто е важно да се зема витамин Д? Овој витамин се произведува природно во кожата ...
Пиењето кафе наутро може да има повеќе здравствени придобивки отколку да го пиете во текот на денот, според новото истражување кое го објави германската новинска агенција dpa. Истражувачите сакале да видат дали времето од денот кога луѓето пијат кафе влијае на нивното здравје. Тие проучувале повеќе од 40.000 возрасни лица во САД како дел од долгорочни студии кои се однесуваат на здравјето, исхраната и начинот на живот. Откриле две различни шеми ...