Репрезентацијата на Македонија до 16 години со пораз го започна развојниот турнир во Подгорица, Црна Гора. Нашата млада селекција денеска загуби од Србија со 2:0. Во меч во кој противникот, но и ние имавме свои одлични моменти, Србија ги искористи своите шанси, а нас ни недостасуваше спортска среќа да се радуваме на погодок. На два пати го погодивме дирекот од голот на противникот преку Амети и Лука Георгиевски, додека шанси не искористија ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен во првото коло на фјучрсот М25 Куршумлијска Бања. Тој вечерва (мечот се играше под рефлектори) загуби од Чехот Тадеш Парулек со 2-1 во сетови (64 16 61). Мечот траеше 2 часа и 8 минути. Во првиот сет клучниот брејк за предност во сетот Парулек го направи во третиот гем кога поведе со 2:1 во гемови и таа предност ја сочува до крајот на сетот кој го доби со 6:4 во гемови. Македонскиот тенисер имаше ...