Англискиот репрезентативец Џуд Белингам е вклучен во составот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар против Олимпик Марсеј од првото коло на групната фаза во Лигата на шампионите. Играчот за врска беше надвор од терените од јули, кога му беше извршена операција на рамото. Белингам се врати на тренинзите минатата недела и очигледно веќе е во доволно добра состојба за да заигра. Во тимот на Реал Мадрид се најде и Едуардо Камавинга. Францускиот ...

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе го пропушти денешниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Одегард нема да е подготвен за дуелот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3-0) во Премиерлигата. „Габи (Габриел Жезус), Каи (Хаверц), Бен (Вајт) и Мартин (Одегард) се уште отсутни, за жал“, рече Артета. ...