Скопје, 11 септември 2025 (МИА) – Ракометарите на Бутел Скопје викендот ќе го пречекаат Дуделанж во реваншот од 2. коло на Европскиот Куп. - Натпреварот ќе се одигра в сабота (13 септември) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен. Поддршката за нашите момци, кои славеа со 31-27 на првата средба, ќе биде повеќе од добредојдена во битката за нов триумф, пласман во ...
Ракометарите на Бутел Скопје направија голем чекор кон продолжување на европската авантура, откако на гостувањето во Луксембург го совладаа тимот на Дуделанж со 31-27. Избраниците на тренерот Горан Кузманоски одиграа зрело и дисциплинирано, успевајќи во клучните моменти да ја преземат контролата и да создадат предност која носи солидна залиха пред реваншот. Реваншот е закажан за 13 септември во Скопје, а раководството на клубот донесе одлука ...