Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека одредени компании самите одлучиле да ги задржат гарантираните цени до 15 мај и покрај тоа што завршија таквите мерки кои ги воведе владата. Прашан дали Законот за нефер трговски практики, кој денеска е на дневен ред на пленарна седница на Собранието, ќе воведе ред во малопродажните цени, Битиќи рече дека ваквите одлуки на одредени ланци на маркети знаат да бидат општествено одговорни. ...

Некои компании сами одлучиле да ги задржат истите цени до 15 мај, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи. „Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ...