Дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат истите цени до 15 мај, рече Битиќи

79

Некои компании сами одлучиле да ги задржат истите цени до 15 мај, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ, рече Битиќи.

Тој додаде дека во тешки времиња владата ќе носи мерки во корист на граѓаните, дури и ако тие не се според пазарната логика.