Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски е пред потпис со Железничар, дознава „СпортСпорт“. Според нашите информации детали го делат од босанскиот тим. Велковски претходната сезона го носеше дресот на Нирегихаза, клуб во кој пристигна во јануари. Раководството на клубот не го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец, па во Железничар ќе дојде како слободен фудбалер. Велковски претходно го носеше дресот на романски Динамо Букурешт ...

Повремениот македонски репрезентативец, Дарко Велковски е на добар пат да го реши клупското прашање и тоа со ангажман во Босна и Херцеговина. Велковски во оваа календарска година настапуваше за унгарска Њирегихаза со која не ја продолжи соработката и сега како слободен играч може да ја избере новата средина. Според информациите на SportSport.ba тоа ќе биде Железничар, еден од најголемите клубови во БиХ заедно со Сараево. Наводно остануваат само ...