Лук Блек, чие вистинско име е Лука Ивановиќ, победи на српскиот избор на песна за Евровизија. 30-годишниот пејач со песната „Само ми се спава“ ќе ја претставува својата татковина на музичкиот натпревар кој оваа година ќе се одржи во Ливерпул. „Сакав да покажам будење на енергија“ – изјавил тој за песната на којашто самиот се потпишува како текстописец, а која многумина ја споредуваат со „In corpore sano“ на минатогодишната претставничка ...
Она што го издвојува Лук Блек од останатите натпреварувачи е музиката која апсолутно се разликува од ова што досега сме имале прилика да слушнеме. И жирито и публиката на евровизискиот натпревар во Србија имаа други фаворити, но на крајот Лук ќе оди на Евровизија како претставник на ова земја, пишува порталот на германскиот јавен сервис АРД посветен на музичкото натпреварување. Таму ќе настапи со песната „Само ми се спава“. View this post on ...