Седум лица се приведени во рамки на акцијата на Управата за финансиска полиција, кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари, дознава Телма. Вкупно во истрагата се опфатени 13 лица и 10 компании. Според информациите, осомничените продавале нафта во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет преку фиктивни фактури и при тоа барале поврат на ДДВ. Проценетата штета од овие криминални активности ...

Јавното обвинителство информира дека денешната акција спроведена на повеќе локации низ државата е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во тесна соработка со Управата за финансиска полиција. Според Обвинителството, надлежен обвинител од ОЈО ГОКК, постапувајќи по кривичната пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 ...