Денес, 8. ноември е Светскиот ден на урбанистичкото планирање (World Town Planning Day – WTPD), се одбележува во над 30 земји и има за цел да го промовира урбанистичкото планирање и да ја подигне свеста на професионалците и јавноста за важноста на урбаниот развој. Иницијатор на Светскиот ден на урбанистичкото планирање е урбаниот планер и професор на Универзитетот во Буенос Аирес, Carlos Maria della Paolera (1890-1960), првиот јужноамериканец ...
Фатон Ќерими, студент на Архитектонскиот факултет, работи на решение како екстензивното градење во скопско Бардовци да не влијае на потребите на секој жител. Добрите искуства од други места во светот, се обидува да ги примени и во Скопје, за да биде подобро место за живеење и за него. „Би сакал Скопје да биде град во кој ќе имаме повеќе рекреативни, слободни простори, каде што ќе можам еве јас како граѓанин да имам можност да шетам, да развивам ...