Телото на поранешниот американски претседател Џими Картер денеска е пренесено во Вашингтон, каде ќе започне тридневна жалост. Телото на Картер ќе биде изложено во американскиот Капитол пред церемонијата во четврток во 10 часот во националната катедрала во Вашингтон, по што ќе следи враќање во Плаинс на приватен погреб во баптистичката црква Мараната, објави Ројтерс. Државниот погреб на 39-от претседател на САД се организира во период на ...
Поранешниот американски претседател Џими Картер денес ќе добие погреб во националната катедрала во Вашингтон, а неговите посмртни останки потоа ќе бидат пренесени за закоп во неговата родна држава Џорџија. Живите претседателски наследници на Картер - Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Барак Обама, Доналд Трамп и Џо Бајден - треба да присуствуваат на погребот во Вашингтон, а Бајден ќе одржи говор. Ужалените граѓани можеа да му оддадат последна почит во ...