Голманот на Милан, Мајк Мењан, изјави дека „целосно се согласува“ со својот соиграч од француската репрезентација, Адриен Рабио, и дека не ја разбира одлуката натпреварот на неговиот клуб против Комо во италијанското првенство да се игра во Австралија. „Целосно се согласувам со Рабио. Денеска, многу се заборава, а премногу се размислува за финансискиот аспект. Не разбирам зошто ќе го играме натпреварот од италијанското првенство во странство. ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) дозволи Милан да го одигра мечот против Комо далеку од Милано и Италија. Росонерите против Комо како домаќини ќе играат во Перт, Австралија. Ова ќе биде првпат еден меч од Серија А да се игра надвор од Италија, и тоа не само надвор од земјата, туку и на најодалечениот континент. Дел од играчите не беа воодушевени од оваа одлука Милан да игра еден меч во Австралија. Први се побунија француските ...