Десничарскиот претседателски канддат за претсдтел на Романија, Калин Георгеску, кој убедливо победи во првиот круг од претседателските избори, кои потоа беа поништени, најави дека дефинитивно повторно ќе се кандидира за претседател на Романија. Георгеску, кој деновиве беше приведен поради наводни нерегуларности при финансираето на изборната кампања, додаде дека нема намера да потклекне под политичкиот прогон од власта. Веќе ништо не ме ...
„Веќе ништо не ме изненадува. Сето ова ме потсетува на комунистичкиот режим од 1950-тите. Нема разлика. Сепак, ние одиме напред. Сигурно е дека ние, луѓето сме силата, ние сме енергијата, ние сме Романија. Во никој случај нема да клекнеме на колена. Дефинитивно повторно ќе се кандидирам“. Вака изјави претседателскиот кандидат Калин Георгеску по петчасовното сослушување во романското обвинителство во Букурешт. Георгеску беше приведен во средата ...