Навивачката група „Балисти“ не го испочитува барањето за минута молк пред мечот меѓу Шкендија и Брера Струмица во ПМФЛ. Тие со песни и скандирања реагираа кога останатите оддадоа почит кон жртвите од страшната трагедија во Кочани. Сега Шкендија реши да објави официјално соопштение за ситуацијата. Од тетовскиот клуб го осудија однесувањето на „групата индивидуалци“ кои покажаа нечовечност пред натпреварот. „Шкендија ги почитува сите ...

Шкендија се огласи по непримерното однесување на навивачката група „Балисти“ чии членови, минутата молк пред денешниот натпревар со Брера во рамки на 25-то коло во Првата МФЛ, го искористија за пеење и по некој свиреж. Од управата на тетовскиот клуб изразуваат жалење и осуда за настанот. „Шкендија ги почитува сите институционални одлуки во овие сензитивни моменти за општеството. Како клуб, ситуацијата во Кочани нè шокираше исто како цела држава ...