Ударот кој го зададе пандемијата последниве неколку години остава трајни последици врз физичкото и менталното здравје на човекот, задржувајќи го фокусот на здравството, фармацевската индустрија, економијата и сл. на себе, оставајќи ги останатите сегменти од општествениот и човечкиот развој во сенка. Интегрирањето на науката и научните достигнувања во праксата и стручните знаења со цел остварување на што подобри развојни достигнувања кај децата ...

Меѓународната конференција „Состојбата со невроразвојните нарушувања во Македонија: потреба од внесување на стандарди во дијагностиката и третманот” ќе се одржи од 21-23 септември, 2022 година во Скопје во просториите на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ. Конференцијата е организирана од Здружението за поддршка и третман на лицата со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” заедно со секторот за невроинформатика ...