ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше тврдењата на СДСМ за масовна партизација на администрацијата, нарекувајќи ги бесрамни лаги. „Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДС да најде оправдување за сопствениот политички неуспех. Ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДСМ“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. ...

Откако денеска СДСМ преку соопштение повторно укажа на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека „Вреди“ ќе вработел 3.000 Албанци во администрацијата ВМРО-ДПМНЕ ги нарече „кучиња загари“ кои „лаеле“. „Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за ...