Неизбежно беше тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ по натпреварот против Спартак во плеј-офот во АБА лигата да говори за своите кошаркари Карлик Џоунс, Исак Бонга и Стерлинг Браун кои на почетокот на неделата учествуваа во улична тепачка во Белград. Искусниот стратег не го сокри разочарувањето од односот на неговите кошаркари, а откри и што им порачал. „На почетокот на сезоната на сите им објаснив дека се играчи на Партизан и дека така мораат ...

Партизан вчера успешно ја започна плејоф серијата во АБА лигата со Спартак Суботица, но тренерот Жељко Обрадовиќ признал дека и натаму е во шок од инцидентот во кој учествуваа неколку ѕвезди на неговата екипа. Група од тројца интернационалци во редовите на „црно-белите“ била дел од физичка пресметка пред ноќен клуб во Белград, а најдалеку отишол Карлик Џоунс кој му нанел потешки повреди на едно лице во овој инцидент. Иако Џоунс, Исак Бонга и ...