Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, ги одбра 12-мината кои утревечер (19 часот, СРЦ Кале) ќе играат со Азербејџан на стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029. Шанса да дебитира во дресот на македонскиот национален тим ќе добие бекот Омари Мур. Како што најави селекторот, можно е Мур да игра утре, а другиот натурализиран Македонец, Џејкоб Вајли, да настапи на другиот меч во мини-циклусов, ...

По вечерашниот тренинг во салата на СРЦ „Кале“, селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, го одреди списокот на дванесетте играчи кои утревечер ќе бидат во официјалниот протокол за натпреварот Македонија-Азербејџан. Илиевски се одлучи за следните кошаркари кои треба да ни ја донесат првата победа во А групата од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година: Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром Андреј Магдевски – МЗТ ...