Од денеска граѓаните можат да пријавуваат повреди на своите права на бесплатната телефонска линија 0800 54321, која почна да функционира во Канцеларијата на Народниот правобранител. Линијата ќе биде на располагање за пријави и за време на изборната кампања, како и на деновите на гласање на Локалните избори 2025 – првиот круг на 19 октомври и вториот круг на 2 ноември. Според информациите од Канцеларијата, сите пријави на граѓаните ќе се ...
По пријавите на граѓаните, како што информираат од Канцеларијата на народниот правобранител, ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени. Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на ...

