Приоритетите по кои земјите членки на НАТО треба да изградат заеднички позиции, односно јакнење на капацитетите за одвраќање и одбрана, зголемување на одбранбените инвестиции, продолжување на поддршката за Украина и зацврстување на соработката со стратешките партнери и организации на Алијансата, беа во фокусот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО што вчера и денеска се одржува во Анталија, на кој присуствува и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес во Анталија, Турција, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Состанокот се одржа во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг и претставуваше значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на самитот во јуни оваа година. ...