Двојна победа прогласи ВМРО-ДПМНЕ по изборите за нов Совет на Општина Тетово, откако партијата, според досегашните резултати, е во водство пред СДСМ, а БЕСА пред ДУИ. СДСМ пак објави дека се победници по гласањето за градоначалници во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Кандидатот на СДСМ Медат Куртовски во моментов е во водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за градоначалник во Општина Маврово и Ростуше, според досега изброените ...
Коалицијата на СДСМ доби градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник. Во гласањето за советници, Беса освои повеќе гласови од ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ. Роковите за приговори се 48 часа соопштија од државната изборна комисија. Изборниот ден помина мирно и без посериозни проблеми оцени државната изборна комисија. Излезноста била 54,24 проценти, а ...