Кошаркарите на Кожув ја спасија првата меч топка на МКК Куманово во четвртфиналето во Првата лига, откако вечерва во трилер меч по продолженија на домашен терен славеа со 90-86. Првиот период помина во израмнета игра на двете страни, па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 17-17. Гостите беа за нијанса подобри во втората четвртина, па на полувреме заминаа со позитива од пет поени 38-43. Во второто полувреме домаќините успеаја ...

Кошаркарите на Кожув преживеаја во една вистинска кошаркарска драма во Гевгелија и успеаја по едно продолжение да ја остварат првата победа во четвртфиналето против МКК Куманово. Гевгеличани на крајот славеа со 90:86 и успеаја да се изборат за продолжение на серијата, додека кумановци ќе се обидат на следниот натпревар да дојдат до третата победа која ќе им обезбеди полуфинале. Мечот имаше доста пресврти, особено на крајот на првиот и почетокот ...