Наградата „Данчo Чеврески“ е доделена на филмот „На пат“ (On the Way) на Самир Карахода, во рамките на седмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, кое започна на 29 септември и ќе трае до 6 октомври. – Веруваме дека прашањата за миграцијата се меѓу најгорливите теми на нашето време, а Самир им пристапува со извонредна суптилност и нежност. Инспириран од разговор со неговиот син, филмот ја оцртува безизлезноста на професијата на ...

За победниците на 48 часовниот филмски предизвик во рамките на седмото издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ одлучуваше жирито во состав: Слаѓана Вујосевиќ, актерка; Игор Христов, режисер; и Горјан Атанасов, монтажер. Ова се трите најдобри филмови направени за еден викенд. 1 место / НЕСОНИЦА Тим: Мартина Гогова, Стефани Миленковска, Никола Станишлевиќ, Антингона Џорлева.„Несоница“ е вознемирувачки портрет на младите во Скопје. Преку ...