Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по состанокот на партиското раководство изјави дека на локалните избори ќе настапат самостојно со свои советнички листи. „Денеска како Алијанса за Албанците дефинитивно одлучивме во сите општини да излеземе со сопствена листа на кандидати за советници. Од почетокот на мај почнуваме на терен да ги формираме своите штабови. Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за ...
Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во состав на Владата. Според Таравари, ваквиот заклучок е донесен затоа што во „Вреди“ не ја прифаќале нивната идеја ...