Оперативни информации има, но официјална потврда каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница, засега нема. Ова во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Станува збор за оперативни информации на оперативно ниво кои што ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави кои што, да ...

Има оперативни информации за дел од лицата кои што се опфатени со предистражните постапки. Стапено е во контакт со надлежните служби во рамки на државите за кои имаме добиено оперативни информации. Се разменуваат таквите информации помеѓу себе, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за дел од обвинетите екс-функционери кои се во бегство од земјава, пред се тука се мисли за поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби. Сепак, ...