На Хрватска ја делат месеци од воведувањето на задолжителниот воен рок . Неодамна се одржа состанок на кој се разговараше за три важни документи кои ќе ја обликуваат иднината на хрватската одбрана, пишува 24сата. На средбата присуствуваа министерот за одбрана Иван Анушиќ, министерот за полиција Давор Божиновиќ и шефот на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман, претставници на Генералштабот и други блиски соработници на премиерот. Тема на средбата ...

Хрватска до крајот на 2025 ќе го воведе воен рок од два месеци за сите регрути, со месечна накнада од 1.100 евра, објави Министерството за одбрана. Времето во касарните ќе се смета за работен стаж, а оние со приговор на совест можат да изберат цивилно служење. Мерките имаат за цел зајакнување на одбранбената подготвеност. Воен рок со атрактивни придобивки Министерството потврди дека воен рок од два месеци ќе стане задолжителен до декември. ...