Македонската фудбалска репрезентација е се поблиску до својот најголем успех во историјата, до пласман на Мундијал. На најважниот натпревар против Белгија во Гент, успеа да одигра без голови, и да извлече голем бод, со кој се задржа на првата позиција на табелата. Секоја чест на избраниците на Благоја Милевски кои успеаја да ги издржат сите налети на Белгијците, на моменти мора да се признае дека имаа и среќа, меѓутоа сето ова го заслужија со ...
Случувањата на натпреварот Белгија – Македонија во Гент, со голем интерес се следеа и во Велс каде истотака се задоволни од конечниот исход. Сега пораснаа шансите на Велс да биде прв во групата, со оглед на тоа дека до крајот на квалификациите за СП 2026 треба да играат клучни мечеви на свој терен со Белгија и Македонија, и тоа го гледаат како шанса да освојат максимален број бодови до крајот, со кои би завршиле како први. Велшаните се запалија ...
Синоќа во Гент, Белгија и Македонија одиграа нерешено 0:0 во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство. Домаќините доминираа во поседот и создадоа бројни шанси, но македонската одбрана беше максимално концентрирана, а голманот Столе Димитриевски одлично го чуваше својот гол Македонија практично и не напаѓаше, но успеа да го зачува својот гол и да извлече вреден бод на гости. По ремито во Гент, Македонија е на првото место ...