Третото финале во ФА Купот се покажа како талично за Кристал Палас, популарните „орли“ денеска на Вембли го изненадија фаворитот Манчестер Сити и го освоија трофејот, кој е прв во нивната историја долга 119 години. Клучниот момент се случи во 16. минута од мечот кога Муњоз убаво продре по десната страна и му асистираше на Езе за 1-0. Мармуш пропушти да го врати Манчестер Сити во игра, скапото зимско засилување не реализираше пенал во 36. минута ...

Момент за историја на „Вембли“, играчите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во 120.годишната историја на клубот. Кристал Палас го пибеди Манчестер сити со 1:0 и го освои трофејот во ФА купот. Трета среќа за Палас, во третиот обид славеа во најстарото куп натпреварување во светот. Претходно не успеаја во 1990 и 2016 година. Сити остана без ниту еден трофеј оваа сезона, без Премиер лигата, Лига купот, Лигата на шампионите и ФА купот. Херои ...