Екипата на Шкендија ги објави цените за билетите за мечот против Шелбурн во Конференциската лига, кои се релативно високи. Натпреварот е закажан за во четврток, а продажбата на билети започнува од денес од 12:00 часот. Цените варираат од 500 до 800 денари, во зависност од трибината и блокот. На јужната трибина, билетите за блоковите 1 и 6 чинат 500 денари, за блоковите 2 и 5 се 600 денари, а за централните блокови 3 и 4 изнесуваат 750 денари. На ...

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија ги одреди цените за првиот домашен натпревар во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА. Шелбурн од Република Ирска е ривалот со кој „црвено-црните“ ќе ги одмерат силите на 23 октомври (18:45 часот) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Од денеска сите навивачи на Шкендија, фудбалски фанови ќе можат да дојдат до билети и тоа преку продажната мрежа на „МкТикетс“, а физички ќе бидат ...