За само 11 месеци опожарени се 71 возило во повеќе градови низ државата, информираа за „Фокус“ од министерството за внатрешни работи. Според податоците, кои ни ги доставија од МВР, најмногу патнички возила се запалени на територијата на Скопје, дури 44 автомобили, а после тоа на списокот се опожарените возила во околината на Битола и Охрид. „Во периодот од 01.01.2024 година, заклучно со 03.12.2024 година, регистрирани се вкупно 71 ...
Кривичните дела против општата сигурност на луѓето и имотот се позачестени во држвата. Сторителите на дејствијата бираат најразлични методи за да испратат некому или на некого одредена порака. Палењето на возилата се само дел од сценариото на сторителите во кои најчесто тоа е против функционери од различни политички структури - затворите не беа исклучок каде беа запалени автомобили. Ваквите кривични дела се регулирани со Кривичниот законик, ...