„Од следната недела ќе организираме состанок со ограноците со нашата партија за да ја чуеме нивната порака, што мисли избирачот, не само членот, затоа што од членовите добиваме рефлексија тука, но ни е важно и мислењето на избирачите. Без разлика како ќе одлучиме, каква и да е поделбата што ќе ја направиме, на крајот гласачот треба да ја оцени, да ја почитува и да биде мотивиран да излезе и да гласа за таа опција која ќе ја избере Алијансата за ...

Партиското раководство на крилото на Алијанса за албанците кое го предводи Арбен Таравари во наредниот период ќе се обиде да најде заеднички јазик со останатите партии од коалицијата „Вреди“ за локалните избори. Ова го кажа Таравари по паузата на четиричасовната седница на собранието на партијата Алијанса за Албанците што се одржува во Гостивар. – Наредните денови ќе имаме интензивни средби. Приоритет е соработката со Влен, но не исклучуваме ...