Во текот на изминатото деноноќие на територија на цела држава биле регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а 29 се изгаснати. Активни пожари има во село Никуштак, општина Липково и на територија на општина Студеничани, кај селата Варвара и Драчевица, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина ...

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина Берово – Дрџински рид, месност викана Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште). Од скопскиот регион изгаснати пожари има на територија на општина Ѓорче Петров – улица „Шар Планина“ (ѓубриште), општина Гази Баба – село Раштак (ниска вегетација) и Камник (ниска вегетација), општина ...