Од распадот на Советскиот сојуз во декември 1991, Русија речиси непрекинато води војни против своите соседи или ги провоцира. Првата војна Москва ја водеше само два месеца по распадот на Советскиот сојуз во март 1992 во Молдавија која се наоѓа меѓу Украина и Романија. Таму живеат мнозинство Молдавци кои зборуваат романски, а најголемиот дел од земјата сѐ до снексијата во царско време и подоцна под Сталин, припаѓал на романското кнежевство ...
Транснистрија наликува на гигантски советски музеј, со споменици на Ленин, црвени знамиња и симболи на срп и чекан. Човек мора да си го претстави тој дел како некој вид огромен компаниски посед и складиште за оружје на мала група поранешни офицери на КГБ, кои актуелно очигледно се активни и за воената тајна служба ГРУ. Со нивниот конгломерат Шериф се занимаваат со перење пари и шверц и практично ги контролираат сите економски активности таму. ...