Европската фудбалска сцена сè погласно зборува за иднината на Столе Димитриевски. Реномираниот шпански весник „АС“ објави дека македонскиот репрезентативен голман е под будното око на неколку клубови од врвните европски лиги, кои внимателно ја следат неговата ситуација во Валенсија. Според информациите од Шпанија, Клуб Бриж, Џенова и Борнмут се екипите што пројавиле најсериозен интерес и чекаат развој на настаните, со надеж дека Димитриевски би ...

Шпанскиот весник ги споменува Клуб Бриж, Џенова и Борнмут како екипи кои чекаат да видат дали Димитриевски би ја напуштил Валенсија за време на јануарскиот преоден рок. Димитриевски вчера го прослави својот 32. роденден. А покрај пораките со честитки, на неговиот телефон тој добива и повици од клубови кои го сакаат неговиот потпис. Македонскиот голман нема да му го земе местото на Хулен Агирезабала во Валенсија, тоа е јасно, па мора што е можно ...