Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 на почетокот на септември ќе се борат за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона. Традиционално ракометните возбудувања во Македонија започнуваат со Суперкупот, кој оваа година ќе се одигра во Кавадарци. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извести клубовите за местото каде ќе ја водат новата битка, а салата „Јасмин“ за првпат ќе биде домаќин на еден ваков ракометен спектакл. Натпреварот ...

Салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде домаќин на натпреварот од Суперкупот на Македонија во ракомет. Мечот со кој традиционално почнува новата ракометна сезона и оваа година ќе донесе дуел меѓу актуелниот шампион Е. Пелистер и екипата на Вардар 1961 како освојувач на националниот куп. Дуелот е закажан за 3 септември и ќе биде уште едно ново соочување на овие два тима во очекување на почетокот на ракометниот шампионат. Вардар во досегашната ...