Повредени се двајца 15-годишни фудбалери на штипска Брегалница за време на натпреварот со Шкупи на стадионот на Бело Брдо во Штип. Едниот од фудбалерите се здобил со скршеници на носот, а другиот со повреди на ногата. Инцидентот се случил на самиот крај на натреварот, при водство на домаќините со 2:1, и тоа во момент кога фудбалер на Шкупи добил црвен картон од судијата. Незадоволниот фудбалер почнал да ги напаѓа фудбалерите, по што на теренот ...

Тежок инцидент се случи денеска во Штип по натпреварот на младинските екипи (генерација 2009-2010) на „Брегалница“ и „Шкупи“ од Чаир. До инцидентот дошло кога родители на децата од гостинскиот клуб влегле во теренот и почнале да ги тепаат играчите на „Брегалница“. Две деца се тешко повредени, од кои едното има скршена нога, а другото повреди на главата. Инцидентот се случи при резултат 2:1 во корист на „Брегалница“. 43-годишен родител на ...