Романскиот првак ФЦСБ мора да брка победа од најмалку два гола разлика ако сака да ја елиминира Шкендија во квалификациите за ЛШ, а добра вест за стручниот штаб е враќањето на Даниел Бирлигеа, кој би требало да биде стартер на вечерашниот реванш во Букурешт. Танасе е прва опција во нападот, но во ситуација кога романскиот репрезентативец доби суспензија од три меча поради црвениот картон во Скопје јасно е дека мор ада се прејде кон „план Б“. ...

Играчот за врска на Шкендија, Камер Ќака, го дочека совршениот момент за да му се одмазди на романскиот првак и неговиот шеф Џиџи Бекали. По изјавите на Бекали од типот „Шкендија е третокласен тим“ или „Им даваме четири гола на реваншот“, Ќака на Инстаграм напиша само два збора: „Останете скромни“. Косовецот беше играч на ФЦСБ во 2018 година, но остана само два месеци и одигра само пет натпревари. Тој вечерва не беше во составот на Шкендија ...