Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, традиционално кај Музејот на вода го „запалија“ василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година. Со ова охридските нуркачи на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите. (Крај) ...
Кај Музејот на вода нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Старата нова година. На богатата трпеза беа испечените колбаси и пиво во стаклени шишиња. Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица, како и престојните празници Богојавленије, Водици и Св. Јован крстител ...