Струмица после 20 години доби градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Петар Јанков, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во оваа општина. „Народот ја препозна мојата воља, посветеност и љубов кон Струмица — љубовта да создадам општина која ќе биде дом за секој од вас. Оние кои ме познаваат знаат каква личност застана пред нив, човек кој работи чесно, искрено и со визија. А за оние кои сè уште не ме запознале – знајте дека моите врати ...
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва ја прогласи својата победа, означувајќи крај на дваесетгодишното владеење на СДСМ во овој град. – Според податоците од нашиот аналитички центар, од обработени 82 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ води со 12.223 гласа, наспроти противникот со 7.908 гласа, што е разлика од над 4.000 гласа. Очекуваме трендот да продолжи и во преостанатите избирачки места. Со ова ...

