„Фондацијата Заев-едно општество за сите“ што ја формираше поранешниот премиер Зоран Заев, денеска испрати камион со 22 тони конзервирана храна за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција. Според објавата на официјалниот фејсбук профил на Заев, станува збор за донации во храна што се обезбедени преку компаниите „Мамас“ и „Тотал инжинеринг“, што се во сопственост на семејството Заеви. „Испраќаме јавна благодарност до Турската амбасада ...
Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, брендот „Мамас“ и компанијата „Тотал Инжинеринг“, испратија хуманитарна помош за турскиот народ наменета за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес. Станува збор за 22 тони разновидна конзервирана храна, која, со обезбеден донаторски транспорт (камион-шлепер) од „Сакаов транс“ – Струмица, е испратена до градот Едрене, од каде ќе биде дистрибуирана до погодените подрачја. „Како ...