Според УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Во Скопје утре во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта и во сабота претпладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, и од снег во повисоките места и на планините. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен долж Повардарието засилен северен северен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 во Маврово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 1 во Маврово и 10 Целзиусови степени во Гевгелија. ...