Екипата на Зенит за која настапува нашиот Ненад Димитријевиќ доживеа пораз од ЦСКА Москва од 96:79 во финалето на ВТБ Суперкупот. Како што е познато турнирот се играше во Белград, а во последниот меч ЦСКА клучната предност ја направи во втората четвртина која ја доби со 16 разлика и на паузата имаше предност од 49:32. Клубот од Москва продолжи да се одлепува и во третиот период по што стана јасно каде ќе заврши првиот сезонски трофеј. ...
Како што беше најавено, кошаркарскиот ВТБ Суперкуп се организира во Белград, Србија, а во средата беа одиграни полуфиналните натпревари. Препорачано Рускиот Зенит на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ триумфираше против Дубаи од Обединетите Арапски Емирати со резултат 107:103. Нашиот плејмејкер беше втор стрелец во победата со 23 поени, четири скока и осум асистенции за 24:38 минути на паркетот. Поефикасен од Димитријевиќ беше само ...

