Двајца браќа во кривопаланечкото село Луке убиле соселанец одземајќи му 6.000 денари кои си ги поделиле, информираше Основното јавно обвинителство во соопштение. Обвинителството започна истрага за лицата за кои постои сомнение дека извршиле убиство од користољубие. Обвинител предложи дводневен притвор за осомничените браќа кои се на возраст од 20 и 25 години. „На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. – Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на ...