Одговорноста учебниците да се достават навреме на учениците е на дистрибутерите – Министерството за образование ја заврши својата обврска, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Таа уверува дека учебниците ќе стигнат до крајот на неделава. Проблемите со учебниците за основно и средно образование се провлекуваат од една во друга учебна година – се даваат уништени учебници а во некои случаи тие воопшто и не се обезбедуваат, како што тоа ...
Преведените 500 стручни книги, за кои се потрошени 13 милиони евра, се чуваат во несоодветни услови поради што дел од книгите се оштетени. Во магацин во Средното училиште за деца со посебни потреби „Св. Наум Охридски“ има учебници кои по воведувањето на Кембриџ-програмата станале неупотребливи, утврдија ревизорите во извештајот за Министерството за образование за 2023 година. Министерството за образование и наука (МОН) потрошило милионски суми ...