Македонија не остави позитивна слика на контролниот дуел против Летонија во Скопје, кој беше увертира за мечот против Велс во Кардиф и битката за второ место на табелата во циклусот за СП 2026. Празното реми без голови ја разочара публиката, но според селекторот Благоја Милевски, нема место за паника и истакна дека е задоволен од борбеноста која ја видел. „Сето она што си го зададовме како задача, освен победата на овој меч беше исполнето. ...

Македонија не успеа да најде решение за дефанзивната формација и поставеност на Летонија и одигра натпревар со најнепопуларен резултат на „Тодор Проески“, средба која беше последен тест за она што следи, односно клучниот дуел против Велс во квалификациите за Светско првенство. Македонија ќе брка бараж за мундијалот со поволен резултат во Кардиф на натпреварот кој се игра за пет дена, па иако далеку подобра увертира ќе имавме со победа и неколку ...